Политика за приватност и колачиња

  1. Вовед

Оваа Политика за приватност и колачиња објаснува како адвокатската канцеларија „Брешковски Адвокати“ како и веб страницата www.breshkovski-law.mk управувани од контролорот Адвокат Иван Брешковски Скопје (во понатамошниот текст: „ние“, „нас“ или „Контролор“) ги собира, користи и заштитува личните податоци на корисниците, клиентите и вработените (во понатамошниот текст: „Вие“ или „Субјект на податоци“) кои ја посетуваат и користат нашата веб-страница www.breshkovski-law.mk, ги користат нашите услуги и стапуваат во полномошнички и договорен однос со нас. Политиката е усогласена со одредбите на Законот за заштита на личните податоци (Службен весник на РС Македонија бр.42/2020 од 16.02.2020г., 294/2021г., 101/2025г.).

 

  1. Контролор на лични податоци
  • Назив: Адвокат Иван Брешковски Скопје
  • Седиште: Бул.Илинден 5/27, 1000 Скопје, РС Македонија
  • Е-пошта: info@breshkovski-law.mk
  • Телефон: +389 75 851 918
  • Офицер за заштита на личните податоци: Иван Брешковски

 

  1. Собирање и обработка на лични податоци

Ние собираме лични податоци директно од Вас – посетителите на нашата веб страница кога доброволно ни ги доставувате преку формуларите за контакт или други интерактивни елементи на веб-страницата.

  • Категории на податоци што ги собираме:
  • Име и презиме
  • Адреса на е-пошта (e-mail)
  • Телефонски број
  • Содржина на пораката/барањето.
  • Цел на обработката:
  • Одговор на Вашите прашања, барања за правен совет или комуникација.
  • Остварување контакт за потенцијална соработка или за договарање состанок.
  • Обезбедување на бараната услуга или информација.
  • Правна основа за обработка:
  • Вашата јасно изразена согласност (кога ги пополнувате и поднесувате формуларите и со штиклирање на полето „Се согласувам со политиката за приватност и општите услови).
  • Преземање чекори на барање на субјектот на податоци пред склучување на договор (ако барањето се однесува на потенцијален ангажман).

 

Ние собираме категории на лични податоци од нашите клиенти со кои стапуваме во полномошнички или договорен однос при давање адвокатски услуги и тоа: Име и презиме, адреса на живеење, ЕМБГ, број на лична карта, адреса на е-пошта, телефонски број; Целта на оваа обработка е давање адвокатски услуги.

 

Дополнително собираме категории на лични податоци од нашите вработени, практиканти, приправници како и лица ангажирани од контролорот со договор на дело или друг вид договор и тоа: Име и презиме, адреса на живеење, ЕМБГ, број на лична карта, адреса на е-пошта, телефонски број; Целта на оваа обработка е остварување на правата и обврските од работниот однос и договорниот однос за ангажираните лица и исплата на плати и надоместоци. Пренос на оваа категорија на лични податоци може да се изврши и тоа до обработувач – сметководител за целта на пресметка на плати и придонеси.

 

  1. Политика за колачиња (Cookies Policy)

Колачињата (Cookies) се мали текстуални датотеки кои се поставуваат на Вашиот уред (компјутер, таблет, мобилен телефон) кога посетувате веб-страници. Тие служат за да ја направат веб-страницата функционална и поефикасна.

4.1. Видови колачиња што ги користиме

Категорија Опис Согласност
Неопходни (Функционални) Овозможуваат основни функции на веб-страницата, како навигација. Без нив, веб-страницата не може правилно да функционира. Не е потребна
Аналитички Ни помагаат да разбереме како посетителите комуницираат со веб-страницата (на пр. преку Google Analytics), следејќи ги посетите и изворите на сообраќај. Ова ни овозможува да го подобриме функционирањето на страницата. Потребна е

4.2. Управување со колачиња

Со првата посета на нашата веб-страница, ќе Ви биде прикажан банер/известување за колачиња.

  • Со кликнување на „Прифаќам“ или слично, Вие се согласувате со употребата на сите колачиња.
  • Со кликнување на „Поставки за колачиња“ или слично, можете да ги прилагодите Вашите преференции и да дадете согласност само за одредени категории на колачиња.

Можете да ги избришете или блокирате колачињата во секое време преку поставките на Вашиот интернет прелистувач. Меѓутоа, блокирањето на неопходните колачиња може да ја наруши функционалноста на веб-страницата.

  1. Рок на чување на податоците

Вашите лични податоци се чуваат само онолку долго колку што е потребно за да се постигнат целите наведени во оваа Политика (на пр. додека не одговориме на Вашето барање) или колку што законски се бара од нас да ги чуваме, особено во однос на професионалните обврски и роковите на застареност.

  1. Права на субјектот на податоци

Согласно ЗЗЛП, Вие ги имате следниве права во однос на Вашите лични податоци:

  • Право на пристап (да добиете информација кои Ваши податоци ги обработуваме).
  • Право на исправка (да побарате исправка на нецелосни или неточни податоци).
  • Право на бришење („право да се биде заборавен“), освен ако постои законска обврска за чување.
  • Право на ограничување на обработката.
  • Право на приговор на обработката.
  • Право на преносливост на податоците.
  • Право на повлекување на согласноста во секое време, при што повлекувањето не влијае на законитоста на обработката пред повлекувањето.

За остварување на овие права, можете да не контактирате на адресата или е-поштата наведена во точка 2 од оваа политика.

  1. Известувања до регулаторно тело

Доколку сметате дека обработката на Вашите лични податоци не е во согласност со ЗЗЛП, имате право да поднесете барање за утврдување повреда или пак да поднесете известување за нарушување на безбедноста на личните податоци до надлежното регулаторно тело:

  • Агенција за заштита на личните податоци на РС Македонија
  • Адреса: Бул. „Гоце Делчев“ бр. 18, 1000 Скопје
  • Веб-страница: https://dzlp.mk/
  • Е-пошта: info@privacy.mk

 

На следниот линк: https://azlp.mk/gragjani/obrasci-formulari-i-uslugi/ можете да најдете формулари, обрасци и насоки за остварување на Вашите права.

Последен пат ажурирано на 19.11.2025г.