Нашата канцеларија нуди професионална правна помош и застапување во сите прашања поврзани со семејните и наследните односи. Работиме со внимание, дискреција и почит, штитејќи ги правата и интересите на нашите клиенти.
Семејно и наследно право
Семејното и наследното право се области што се од особено лично и емотивно значење. Во „Брешковски Адвокати“ пристапуваме со разбирање и професионалност, со цел да обезбедиме правично и човечно решение на секој случај.
Детално објаснување
Семејното и наследното право се области што се од особено лично и емотивно значење. Во „Брешковски Адвокати“ пристапуваме со разбирање и професионалност, со цел да обезбедиме правично и човечно решение на секој случај.
Бракоразводни постапки и родителски права
Ги застапуваме клиентите во бракоразводни постапки, постапки за поделба на имот, старателство над деца и издршка на деца или брачни другари. Секогаш дејствуваме во интерес на семејството и децата.
Татковство, мајчинство и деловна способност
Советуваме и застапуваме клиенти при утврдување или оспорување на татковство и мајчинство. Помагаме при постапки за продолжување на родителски права по полнолетство или одземање на деловна способност.
Наследни постапки и тестаменти
Обезбедуваме правна помош при распределба на оставина врз основа на закон или тестамент, вклучително и распределба на новопронајден имот. Подготвуваме тестаменти и обезбедуваме застапување при нивно прогласување и оспорување.
Имотни односи и договори
Изготвуваме договори за распределба на имот за време на живот, договори за доживотна издршка и други акти кои обезбедуваат правна сигурност и јасност.
Нашата работа се темели на доверба, професионализам и разбирање за чувствителноста на семејните односи.
Доколку ви е потребна правна помош во врска со развод, наследство или имотни прашања, обратете се кај нас.
Ќе ви обезбедиме професионална поддршка и човечки пристап.
