Работни односи и трудово право

Нашата канцеларија обезбедува целосна правна поддршка во сите прашања поврзани со работните односи. Работиме со работодавачи и вработени, нудејќи сигурна правна заштита на нивните права и обврски.

Во „Брешковски Адвокати“ веруваме дека стабилните и правично уредени работни односи се клуч за успешен бизнис и фер работна средина. Нудиме целосна правна поддршка – од изготвување на договори до застапување во судски спорови.

Правни совети и поддршка на HR тимови

Даваме правни совети за сите аспекти на трудовите односи и обезбедуваме поддршка на тимовите за човечки ресурси при изработка на документи и примената на законите.

Договори и интерни акти

Подготвуваме договори за вработување, менаџерски и консултантски договори, како и сите акти и правилници од областа на работните односи. Обезбедуваме помош при пријава и одјава на работници.

Откази и дисциплински постапки

Советуваме при откази од деловни причини, технолошки вишок или вина. Подготвуваме опомени, дисциплински правилници и постапки за отказ, усогласени со законот.

Промени во структурата на компанијата

Обезбедуваме поддршка при преземање на работници во случаи на статусни измени на друштвото.

Безбедност и здравје при работа

Советуваме и подготвуваме акти за усогласување со Законот за безбедност и здравје при работа, според видот на дејноста на клиентот.

Заштита на вработените

Нудиме правна заштита при случаи на дискриминација и вознемирување на работното место.

Странски работници и дозволи за работа

Обезбедуваме правна помош при добивање дозволи за работа и вработување странски државјани.

Надомест и спорови

Застапуваме клиенти во случаи на надомест на штета предизвикана од работник и во сите видови работни спорови – судски и вонсудски.

Со нашата експертиза обезбедуваме правична, професионална и ефективна поддршка во сите прашања од трудовото право.

Доколку имате трудов спор или ви е потребна правна помош за уредување на работните односи, обратете се кај нас.

Ќе ви обезбедиме практични решенија и заштита на вашите права.