Кривично право и одбрана на осомничени и оштетени лица

Нашата канцеларија обезбедува целосна правна заштита во сите фази на кривичната постапка – од предистрага и истрага до судење и жалбени постапки. Ги застапуваме осомничените, обвинетите и оштетените лица, обезбедувајќи правична и ефикасна заштита на нивните права.

Кривичните постапки бараат искуство, брз одговор и целосно познавање на законот. Во „Брешковски Адвокати“ обезбедуваме професионална правна помош на физички и правни лица во сите фази од кривичната постапка.

Одбрана на осомничени, обвинети и осудени лица

Ги застапуваме клиентите во сите фази на кривичната постапка, согласно Законот за кривична постапка – од истрага и поднесување обвинение до судење и жалбени постапки.

Застапување на оштетени лица

Ги застапуваме оштетените лица (физички и правни) во кривична постапка, вклучително и при поднесување имотноправни барања за надомест на штета.

Кривични пријави и правни лекови

Подготвуваме кривични пријави, жалби и други правни поднесоци против одлуки донесени во кривична постапка.

Постапки за спогодување со јавен обвинител

Обезбедуваме застапување при спогодување со јавен обвинител и поддршка во сите фази од постапката.

Обезштетување при незаконито лишување од слобода

Застапуваме клиенти во постапки за надоместок на штета поради неоправдана осуда или незаконско притворање.

 

Прекршочни постапки

Ги застапуваме клиентите и во прекршочни постапки во сите фази од постапката.

Нашиот пристап е професионален, темелен и доверлив, со цел максимална заштита на правата на клиентите.

Доколку сте обвинети, оштетени или ви е потребна кривична правна заштита, обратете се кај нас.

Ќе ви обезбедиме сигурна, професионална и правична одбрана.