ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА БРАК – прв пат
-
БАРАЊЕ за издавање/продолжување на дозволата за привремен престој Образец бр. 2 со Уплатница од 50 денари за административна такса;
-
Извод од МКВ (венчаница) не постар од шест месеци во оригинал;
-
Извод од матична книга на родени преведен на македонски и заверен од нотар;
-
Копија од патна исправа заверена кај нотар и превод на патната исправа заверен на нотар (со ново венчано презиме);
-
Копија од лична карта на македонскиот државјанин;
-
Доказ за обезбедено сместување: нотарски заверен договор за закуп на стан или куќа, доказ за сопственост на стан или куќа доколку поседува, договор/потврда за користење услуги за сместување од страна на правни лица кои вршат угостителска дејност;
-
Доказ дека е неосудуван и не се води кривична постапка против странецот во државата во која престојувал во годината пред поднесување на барањето за привремен престој, што се докажува од документите кои се издаваат во зависност од државата (оригинал);
-
Картонче од полициска станица за пријавена адреса (се доставува кога ќе се повика за сликање).
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА БРАК – продолжување
-
БАРАЊЕ за издавање/продолжување на дозволата за привремен престој Образец бр. 2 со Уплатница од 50 денари за административна такса;
-
Извод од матична книга за венчани (венчаница) да не е постар од 6 месеци во оригинал;
-
Копија од патна исправа заверена кај нотар и превод на патната исправа исто така заверен на нотар;
-
Доказ за обезбедено сместување: нотарски заверен договор за закуп на стан или куќа, доказ за сопственост на стан или куќа доколку поседува, договор/потврда за користење услуги за сместување од страна на правни лица кои вршат угостителска дејност;
-
Здравствено осигурување (полиса, или друг документ со кој се потврдува дека барателот има обезбедено здравствено осигурување);
-
Доказ за обезбедени средства за егзистенција (издржувањето му е обезбедено на законски начин, извештај од сметка во банка, доказ за работен однос, договор за вработување, потврда од работодавац и М1/М2, доказ за месечни приходи, изјава од родители со доказ за егзистенција – чек од пензија, извештај од плата и др. начин);
-
Копија од лична карта на МКД државјанин;
-
Копија од претходно решение и дозвола за престој (лична карта);
ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ ВО ПРИЕМНО ОДДЕЛЕНИЕ канцеларија 901 (зграда на МРТВ 9ти кат) ВТОРНИК И ЧЕТВРТОК од 10.00 до 15.00. Документите да бидат доставени по горенаведениот редослед.
Напомена: Подносител на барањето може да биде лично странецот или брачниот другар.
Откако ќе се повика лицето за подигање на решение и за сликање се наплаќа:
-
такса од 4.000,00 денари
-
такса од 2.150,00 денари
Државјаните на Р. Србија, Р. Црна Гора и Косово плаќаат само 4.000,00 денари.
