Потребни документи за студирање – поднесување прв пат

  • Барање за издавање/продолжување на дозволата за привремен престој, образец бр. 2, со уплатница на 50 денари административна такса.

  • Потврда дека лицето е запишано како редовен студент.

  • Копија од патната исправа заверена кај нотар, со превод на патната исправа заверен кај нотар.

  • Доказ за обезбедено сместување: нотарски заверен договор за закуп на стан или куќа, доказ за сопственост на стан/куќа ако лицето поседува, или договор/потврда за користење сместувачки услуги од правно лице кое врши угостителска дејност.

  • Здравствено осигурување (полиса или друг документ со кој се потврдува дека барателот има обезбедено здравствено осигурување).

  • Доказ за обезбедени средства за егзистенција: дека издржувањето е обезбедено на законски начин – извод од сметка во банка, доказ за работен однос, договор за вработување, потврда од работодавач, образец М1/М2, доказ за месечни приходи, изјава од родители или друг доказ (чек за пензија, извештај од плата и сл.).

  • Доказ дека не е осудуван и дека не се води кривична постапка против странците во државата во која престојувале во годината пред поднесување на барањето за привремен престој, поткрепено со документ издаден од надлежен орган на таа држава (оригинал).

  • Поднесување на документи се врши во Приемно одделение, канцеларија 901 (Зграда на МРТВ 9ти спрат), во вторник и четврток од 10:00 до 15:00 часот, документите да бидат доставени по наведениот редослед.

  • Напомена: барањето мора да биде поднесено лично од странцот.

  • Откако лицето биде повикано за подигање на решение и за фотографирање за лична карта се наплаќа такса во износ од 4.000,00 денари како и такса во износ од 2.150,00 денари. Апликантите од Србија, Црна Гора и Косово плаќаат само 4.000,00 денари.

Потребни документи за студирање – продолжување

  • Барање за издавање/продолжување на дозволата за привремен престој Образец бр. 2 со Уплатница од 50 денари за административна такса;

  • Потврда дека е запишан како редовен студент;

  • Копија од патна исправа заверена кај нотар и превод на патната исправа заверен на нотар;

  • Доказ за обезбедено сместување: нотарски заверен договор за закуп на стан или куќа, доказ за сопственост на стан или куќа доколку поседува, договор/потврда за користење услуги за сместување од страна на правни лица кои вршат угостителска дејност;

  • Здравствено осигурување (полиса, или друг документ со кој се потврдува дека барателот има обезбедено здравствено осигурување);

  • Доказ за обезбедени средства за егзистенција (издржувањето му е обезбедено на законски начин, извештај од сметка во банка, доказ за работен однос, договор за вработување, потврда од работодавац и М1/М2, доказ за месечни приходи, изјава од родители со доказ за егзистенција – чек од пензија, извештај од плата и др. начин);

  • Копија од претходно решение и дозвола за престој (лична карта).

  • Поднесување на документи се врши во Приемно одделение, канцеларија 901 (Зграда на МРТВ 9ти спрат), во вторник и четврток од 10:00 до 15:00 часот, документите да бидат доставени по наведениот редослед.

  • Напомена: барањето мора да биде поднесено лично од странцот.

  • Откако лицето биде повикано за подигање на решение и за фотографирање за лична карта се наплаќа такса во износ од 4.000,00 денари како и такса во износ од 2.150,00 денари. Апликантите од Србија, Црна Гора и Косово плаќаат само 4.000,00 денари.