Водич за семејно обединување на странци во РС Македонија, потребни документи:
Доколку сте странец кој престојува во РС Македонија и сакате да го регулирате престојот на вашето семејство, или веќе сте во процесот и треба да го продолжите престојот, ги подготвивме за вас деталните листи на потребни документи.
1. Семејно обединување – Аплицирање по прв пат
За лицата кои прв пат поднесуваат барање за привремен престој по основ на семејно обединување, потребни се следните документи:
-
Барање за издавање дозвола за привремен престој (Образец бр. 2) со уплатница од 50 денари за административна такса.
-
Копија од патна исправа заверена кај нотар и превод на патната исправа заверен на нотар.
-
Копија од венчаница (оригинал или заверен препис) со превод заверен на нотар.
-
Копија од извод на родени (оригинал или заверен препис) со превод заверен на нотар – се однесува за дете.
-
Копија од решение за престој од сопруг/родител и копија од дозвола за престој од сопруг/родител.
-
Доказ за обезбедено сместување: нотарски заверен договор за закуп на стан/куќа, доказ за сопственост или потврда за користење услуги за сместување од правни лица.
-
Доказ дека е неосудуван и дека не се води кривична постапка против странецот во државата каде престојувал во годината пред поднесувањето (оригинал ).
-
Картонче од полициска станица за пријавена адреса (се доставува подоцна, при сликање).
2. Семејно обединување – Продолжување на престој
Доколку веќе поседувате дозвола и треба да ја продолжите, потребно е:
-
Барање (Образец бр. 2) со уплатница од 50 денари.
-
Копија од патна исправа заверена кај нотар со превод исто така заверен на нотар.
-
Копија од венчаница (оригинал или заверен препис) со превод заверен на нотар.
-
Копија од извод на родени (оригинал или заверен препис) со превод заверен на нотар– за дете.
-
Копија од решение и од дозвола за престој од сопруг/родител (покровит
- Доказ за обезбедено сместување: нотарски заверен договор за закуп на стан/куќа, доказ за сопственост или потврда за користење услуги за сместување од правни лица.
- Здравствено осигурување (полиса или друг документ како доказ).
- Доказ за обезбедени средства за егзистенција: извештај од банка, потврда за работен однос, договор за вработубвање, М1/М2, потврда за приходи или изјава од родители со доказ за нивната егзистенција (пензија, плата).
- Копија од претходно решение и претходната дозвола за престој (лична карта за странци)
Важни информации за поднесување:
-
Локација: Документите се поднесуваат во приемно одделение, канцеларија 901, зградата на МРТВ 9ти спрат
-
Редослед: Документите мора да бидат подредени по горенаведениот редослед.
-
Работно време: Вторник и Четврток од 10:00 до 15:00 часот.
-
Кој може да поднесе: Барањето може да го поднесе лично странецот или неговиот покровител.
Трошоци (се плаќаат при подигање на решението):
-
Плаќање од 4000 денари.
-
Плаќање од 2150 денари (за изработка на картичка).
-
Напомена: Државјаните на Србија, Црна Гора и Косово плаќаат само 4000 денари вкупно.
Потребна ви е правна помош? Нашиот тим на адвокати е тука да ви помогне во секој чекор од процесот на легализација на вашиот престој. Контактирајте нè за консултација.
