Нашата канцеларија обезбедува целосна правна поддршка при составување, анализа и преговори на сите видови договори. Ги заштитуваме интересите на клиентите уште пред потпишување на договорот, со цел да се избегнат идни недоразбирања и спорови.
Договорно право и составување на договори
Договорите се основа на секоја деловна соработка и правен однос. Во „Брешковски Адвокати“ подготвуваме, анализираме и преговараме договори според индивидуалните потреби на клиентите и во согласност со законските прописи.
Составување на договори
Составуваме сите видови договори – купопродажни, трговски, договори за вработување, закуп, заем, дело, услуга, консултантски, посреднички, градба, соинвеститорство, како и SLA (Service Level Agreement). Секој договор е прилагоден на конкретниот случај и интересите на клиентот.
Анализа и правно мислење
Вршиме анализа и проверка на постоечки договори, откриваме потенцијални ризици и даваме мислења и предлози за подобрување на клаузулите.
Преговори и склучување договори
Учeствуваме и застапуваме клиенти во преговори при склучување на договори, осигурувајќи правична рамнотежа меѓу сите страни и правна заштита на клиентот.
Нашиот професионален пристап гарантира дека секој договор ќе биде јасен, правно исправен и без непотребни ризици.
Доколку склучувате договор или сакате правна проверка, обратете се кај нас.
Ќе обезбедиме сигурност и заштита на вашите интереси.
