Нашата адвокатска канцеларија обезбедува сеопфатна правна заштита на вашите човекови права и слободи гарантирани со Уставот на Република Северна Македонија и меѓународните конвенции. Ги застапуваме клиентите и на домашно и на меѓународно ниво – пред Европскиот суд за човекови права и телата на Обединетите нации.
Услуги во областа на човековите права
Меѓународна заштита на човекови права
Во „Брешковски Адвокати“ имаме искуство во застапување пред Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур.
-
Подготвуваме и поднесуваме апликации за повреда на правата од Европската конвенција за човекови права.
-
Вршиме анализа на случајот и проценка на изгледите за успех пред ЕСЧП, споредувајќи ја домашната пракса со меѓународните стандарди.
-
Обезбедуваме комуникација и застапување пред Комитетот на министри на Советот на Европа во постапки поврзани со извршување на пресудите на ЕСЧП.
-
Ги застапуваме клиентите пред телата на ОН, вклучувајќи го Комитетот за човекови права и Комитетот против тортура.
Домашна заштита и судски постапки
Нудиме правна помош и застапување во сите постапки за заштита на основните права во рамки на националното законодавство:
-
Заштита од дискриминација – застапување пред Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и пред судовите.
-
Заштита на правото на имот – застапување во предмети за експропријација, денационализација и други повреди на правото на сопственост (чл. 1 од Протокол 1 кон ЕКЧП).
-
Право на судење во разумен рок – поднесување барања за утврдување на повреда и барања за надомест на штета.
-
Право на слобода и безбедност – итна правна помош при приведување и притвор, застапување во сите фази на кривичната постапка.
Нашата канцеларија е посветена на заштитата на човековите права и обезбедува професионална поддршка во сите постапки – од локално до меѓународно ниво.
Доколку сметате дека вашите човекови права се повредени, обратете се кај нас.
Ќе ви обезбедиме стручно застапување и поддршка пред национални и меѓународни институции.
