Водич за семејно обединување на странци во РС Македонија, потребни документи:

Доколку сте странец кој престојува во РС Македонија и сакате да го регулирате престојот на вашето семејство, или веќе сте во процесот и треба да го продолжите престојот, ги подготвивме за вас деталните листи на потребни документи.


1. Семејно обединување – Аплицирање по прв пат

За лицата кои прв пат поднесуваат барање за привремен престој по основ на семејно обединување, потребни се следните документи:

  1. Барање за издавање дозвола за привремен престој (Образец бр. 2) со уплатница од 50 денари за административна такса.

  2. Копија од патна исправа заверена кај нотар и превод на патната исправа заверен на нотар.

  3. Копија од венчаница (оригинал или заверен препис) со превод заверен на нотар.

  4. Копија од извод на родени (оригинал или заверен препис) со превод заверен на нотар – се однесува за дете.

  5. Копија од решение за престој од сопруг/родител и копија од дозвола за престој од сопруг/родител.

  6. Доказ за обезбедено сместување: нотарски заверен договор за закуп на стан/куќа, доказ за сопственост или потврда за користење услуги за сместување од правни лица.

  7. Доказ дека е неосудуван и дека не се води кривична постапка против странецот во државата каде престојувал во годината пред поднесувањето (оригинал ).

  8. Картонче од полициска станица за пријавена адреса (се доставува подоцна, при сликање).


2. Семејно обединување – Продолжување на престој

Доколку веќе поседувате дозвола и треба да ја продолжите, потребно е:

  1. Барање (Образец бр. 2) со уплатница од 50 денари.

  2. Копија од патна исправа заверена кај нотар со превод исто така заверен на нотар.

  3. Копија од венчаница (оригинал или заверен препис) со превод заверен на нотар.

  4. Копија од извод на родени (оригинал или заверен препис) со превод заверен на нотар– за дете.

  5. Копија од решение и од дозвола за престој од сопруг/родител (покровит

  6. Доказ за обезбедено сместување: нотарски заверен договор за закуп на стан/куќа, доказ за сопственост или потврда за користење услуги за сместување од правни лица.
  7. Здравствено осигурување (полиса или друг документ како доказ).
  8. Доказ за обезбедени средства за егзистенција: извештај од банка, потврда за работен однос, договор за вработубвање, М1/М2, потврда за приходи или изјава од родители со доказ за нивната егзистенција (пензија, плата).
  9. Копија од претходно решение и претходната дозвола за престој (лична карта за странци)

Важни информации за поднесување:

  • Локација: Документите се поднесуваат во приемно одделение, канцеларија 901, зградата на МРТВ 9ти спрат

  • Редослед: Документите мора да бидат подредени по горенаведениот редослед.

  • Работно време: Вторник и Четврток од 10:00 до 15:00 часот.

  • Кој може да поднесе: Барањето може да го поднесе лично странецот или неговиот покровител.

Трошоци (се плаќаат при подигање на решението):

  • Плаќање од 4000 денари.

  • Плаќање од 2150 денари (за изработка на картичка).

  • Напомена: Државјаните на Србија, Црна Гора и Косово плаќаат само 4000 денари вкупно.


Потребна ви е правна помош? Нашиот тим на адвокати е тука да ви помогне во секој чекор од процесот на легализација на вашиот престој. Контактирајте нè за консултација.