Услуги во областа на човековите права

Нашата адвокатска канцеларија обезбедува сеопфатна правна заштита на вашите човекови права и слободи гарантирани со Уставот на Република Северна Македонија и меѓународните конвенции. Ги застапуваме клиентите и на домашно и на меѓународно ниво – пред Европскиот суд за човекови права и телата на Обединетите нации.

Меѓународна заштита на човекови права

Во „Брешковски Адвокати“ имаме искуство во застапување пред Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур.

  • Подготвуваме и поднесуваме апликации за повреда на правата од Европската конвенција за човекови права.

  • Вршиме анализа на случајот и проценка на изгледите за успех пред ЕСЧП, споредувајќи ја домашната пракса со меѓународните стандарди.

  • Обезбедуваме комуникација и застапување пред Комитетот на министри на Советот на Европа во постапки поврзани со извршување на пресудите на ЕСЧП.

  • Ги застапуваме клиентите пред телата на ОН, вклучувајќи го Комитетот за човекови права и Комитетот против тортура.

Домашна заштита и судски постапки

Нудиме правна помош и застапување во сите постапки за заштита на основните права во рамки на националното законодавство:

  • Заштита од дискриминација – застапување пред Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и пред судовите.

  • Заштита на правото на имот – застапување во предмети за експропријација, денационализација и други повреди на правото на сопственост (чл. 1 од Протокол 1 кон ЕКЧП).

  • Право на судење во разумен рок – поднесување барања за утврдување на повреда и барања за надомест на штета.

  • Право на слобода и безбедност – итна правна помош при приведување и притвор, застапување во сите фази на кривичната постапка.

Нашата канцеларија е посветена на заштитата на човековите права и обезбедува професионална поддршка во сите постапки – од локално до меѓународно ниво.

Доколку сметате дека вашите човекови права се повредени, обратете се кај нас.

Ќе ви обезбедиме стручно застапување и поддршка пред национални и меѓународни институции.